Дневник,
14.10.1997

Кафе муабет
Чудна ли средба на генерациите!?

Во Скопје на ден празничен, 11 Октомври, се сретнаа група седокоси глави со "рејв" млади момчаци, не може да се рече голобради, има тук–таму и некој со намовната брада, но нејсе. Ако не сте заборавиле од плипот от новокомпонирани демократи, кои до вчера се срамеа одсветлото им/ни минато, повод беше денот на востанието на македонскиот народ - единственото победоносно! Востание на сите!

Истовремено и во Стразбур, на ден состаночен, исто така имаше средба на генерации. Таму, не толку торжествено, заседаваше Советот на Европа. Нашиот заможен претседател, крепост од осум децении (длабоко навлезен и во Брозовскиот синдром - не знае што му прават зад грб) се сретна со младиот бугарски шеф на државата Петар Стојанов. Со кафенце, онака домаќински (дали да кажам и гордо, знам дека ако не се налутат едните, ќе се лутат другите) си пролафија. И толку, ќе каже некој несреќник од генерацијата на која банкарски службеници и шефчиња на кабинети, разни апаратчици и хакери им ја украдоа државата. Си се разбираат луѓето, ќе додаде.
Е, не може. На нас, на кои сепак ни е до државата и не даваме да ни ја туѓат, уште помалку својата, не ни е се едно. Можеби Киро (Глигоров) и Перо (Стојанов) се разбираат. За Перо незнам, ама Киро студирал и службувал во Софија, па можеби разбира се' што му кажуваат на бугарски. Знам, меѓутоа, дека претседателот на Македонија мора, дури и да (под)разбира се', да бара службен - свој - преведувач дури и кога пие кафе насамо, па макар и било наут. Особено кога соседот, во случајов Бугарија, му го спори идентитетот на нацијата негирајќи го нејзиниот неотуѓив атрибут, во едно и најголем генератор на творечки факти - јазикот!

Ако на стразбуршката средба на генерации имало преведувач, особено на нејзиниот таен дел,одлично. Конечно некој таму во Кабинетот почнал да си ја врши работата, а не да се битисувасо водење политика и губење куфери. Ако на стразбуршката средба немало преведувач, тогаш одговорноста не смее да го одмине ниту тој што не мислел на овој, барем за мене, суштествен атрибут на меѓудржавниот кафе-муабет, ниту тој што зборувал на македонски додекад ругиот го слушал на бугарски, и обратно. Ако имало толкувач, требаше да биде виден покрај увото на Глигоров, кој како претседател гоноси суверенитетот на јазикот, го застапува и го чува. Колку заради ефектите, особено пропагандните, но верувајте ми и преговарачките позиции на нашата земја, која од сопствена немоќ, катадневно потврдувана, мора сега да преговара и за јазикот. Колку и на тој начин да секаже дека нашиот јазик е еден и неделив.

Вака, останува сликата од средбата на која двајца "братја" си муабетат на "сродни си езици", разбира се (простете за несовршениот бугарски, мене ми е тешко да го владеам, не знам). Со други зборови, на ваков начин се потврдува, дури и со олку ситен и навидум здодевен детаљ, дека Македонците и Бугарите се толку блиски што се разбираат сосема добро. Замислете си ги сега импликациите.

Од тој кафе-муабет ние треба меѓу другото да изведеме позиција пред светот, дека нашиот јазик е самороден јазик, поинаков од бугарскиот, со кој безмалку нема ништо заедничко. Ниту синтактичка, ниту фонолошка, ниту реформско-граматичко-лексичка сличност. Како што впрочем и е! (Верувајте ми! Лингвистиката е наука што ја изучив на перуанскиот универзитет, далеку од Балканот.)

Збунет пред снимката од срдечниот диван, некој неупатен Европеец ќе праша кој од двајцата е полиглот, па го разбира и говори јазикот на другиот? Киро, кој работел и учел во Софија? Или, едноставно ќе заклучи дека не не' бива за ништо, кога како одговор ќе му се даде она нашето гордо: јазиците ни се различни, ама ние сме ете толку големи, што разбираме и бугарски, па не сакаме средбите да ни пропаѓаат заради/поради формалности, како што еинсистирањето на преведувачот! Оти, ете, на нас, онака сосема ноншалантно, не ни е важно што преведувачот е инаку доказ и одлика на посебноста на која толку инсистираме. Tradutorre traditorre!

Грда ли слика. Онаа стразбуршката. Ама, ништо поубава не беше ниту таа во Скопје, одовдешната средба на генерациите со која се совпадна, на која немаше колку за лек претставникна силите што собраните "генерации" не ги сметаат за државотворни, туку за "бугарашки", кажано со нивниот стил и јазик (македонски, ама сепак не мој). Требаше да биде, белки, слика иприлика, дефинитивен доказ на мислата на Глигоров дека "дебугаризацијата на Македонија" е завршена.

Не гледате ли дека двапати, дури во еден ден, седнавме и онака машки на светот му порачавме дека сме биле Бугари, и, што е најтрагично, дека уште има такви меѓу нас штомораат да бидат јавно прокажани и сургундисани, оти се' уште си се чувствуваат Бугари! На здравје! Што да речам на сето тоа? Не верувам дека има уште некој жив меѓу нас кај кого би минала поткладената мисла дека на интелектуалците им е тесна политиката (сфатена како алиби на власта). Ние, мене ако ме прашате, селски му приоѓаме на умот, па ако тој несака да биде со елитата на власт, го прокажуваме или како неум, или како туѓ - обично бугарски (тешко, меѓутоа, му признаваме дека греши, особено ако го има во власта, која е составена од магистри и доктори, саде универзитетски професори, а се' уште паѓа на приемни испити на сите полиња во целата Обединета Европа.)

Што се' не му беше припишано на ВМРО-ДПМНЕ, кога изложен на удар успеа да докаже дека е тука за да остане како автентичен и легитимен правец во македонската политика, присутен веќе цело столетие и повеќе. Згора, да прибере и еден куп интелектуалци. Замислете, бевме на пат да кажеме дека повеќе од сто души, ако сакате покрај нив и сиот ум во државата го држат некакви си Бугари, оти главата од стрелата пуштена во полициско-режимската пресметка со ВМРО-ДПМНЕ беше дека неговото пробугарско крило е она интелектуалното. Па така, водени од ждановистичкиот позитивизам бевме на пат да кажеме дека сите што не се со власта, а се' претставници на мислата во оваа држава се Бугари!

Уште еднаш, на здравје!

Тогаш, дозволете ми да прашам: ако сме навистина поделени до себезагрозување на луѓе штого владеат бугарскиот јазик, на политичари што се борат за Бугарија, на интелектуалци што се бугарофили, во што тогаш грешава Бугарската академија на науките кога му забележува на Георги Димитров и ретките чесни комунисти што ни признале своевремено, како на победници над бугарскиот фашизам, дека сме Македонци!?

Па зарем не гледате ли, луѓе, дека најголеми заговорници против Македонија, тие што најмногу работат за Бугарија - се имено нашите, што упорно, тука, дома, не' делат на Бугари и небугари (граѓани). Токму тие што го релативизираат јазикот и го ставаат на преговори, тие што се откажуваат од Уставот и симболите, тие што не j ги знаат границите, тие што не умеат државата да ја водат како ентитет со целосен, неделив и непоколеблив суверенитет иинтегритет. Најмногу од сите, меѓутоа, токму тие што се јавуваат сега, кога мина и повеќе од половина век од непорекливата победа, како борци за "дебугаризација" на Македонија, кои како прв свој државобранителски успех го истакнуваат сургунот на сите интелектуалци што не се со нив!

Доктрината на БАН за бугарската нација не се спори со хормони, оправдани чувства на навреденост, дури и страв (со оглед на државната немоќ), уште помалку со глупости во кои главниот аргумент се користи за сатанизација на сопствените интелектуалци, политичари и новинари. Бугарската претензија врз нашата самобитност се запира со факти. Со создавање вредности, непорекливи аргументи, кои настануваат не од потребата да се води битка, туку оти така треба, оти се, оти постојат! Така е, со постоење, со простум на аргументите, а не зборовите. Оти не случајно, во најновата мена во бугарската политика спрема нас се напаѓ ајазикот а не државата. Зад формулата, еден народ - две држави, од урнекот на Австрија и Германија, каде што се' е различно, дури и некои крупни етнографски и културни обележја, освен јазикот, се крие јасна стратегија и, се разбира долгорочна цел.
Ние на тоа одговараме со недокваканости, со себепрогонување, со дебугаризација - со прифаќање преговори за сопственото постоење!

Додека на нас ни е поважно кој е бугараш, а кој не, луѓето на Петар Стојанов, оној од успешниот кафе-муабет со нас, потпишаа во истиот тој Стразбур декларација за правата на малцинствата, со која им се признава дека во Пиринска Македонија нема македонски народ! Но, затоа, како што сме пошле, а идат избори, наскоро само врз основа на нашите предизборни расправии и обвинувања, Бугарите слободно ќе можат да побараат, врз основа на истата декларација, да ги штитат правата на толку многуте Бугари кај нас!

Аферим! Викајте ме Афус.

[Back]